Колумни

АКАДЕМЦИ __ИДНИ СУДИИ:___УЧЕТЕ КАКО НЕ ТРЕБА

Еве едно решение од Апелација во Штип каде се усвојува нешто и предлага нешто без засегнати страни  и без да се дозначи кои се тие и кој е основот по кој се засегнати.

Јас кој по струка сум градежен инжинер а по дејност трговец се обидувам да сватам како е возможно правораздавање без засегнати страни.

Во ова решение Штипска Апелација ја усвојува жалбата на жалителот и го укинува решението на Стечајниот Судија Дарко Ристов во кое се одбива предлогот за стечај на ВИПА ДООЕЛ..

 

Патем кога жалителот поднесе жалба до Апелација, ВИПА на адреса ја доби можноста да одговори на жалбата и одговори на начин како сметаше дека е правен и соодветен—со кривична пријава во вид на одговор против полномошникот адвокат на жалителот, затоа што ВИПА НЕМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРИТЕЛИ а пак тој истиот нема легитимација на предлагач на стечај и како ДОВЕРИТЕЛ_ПРЕДЛАГАЧ  Е ИЗМАМНИК и свесно преку кривични дела сака  да го доведе  судот во заблуда.

 

И сега еве прочитајте во Образложението до каде може да залута Македонското Сутство—прво очигледно е дека е сокриен одговор на засегнатата страна ВИПА ДООЕЛ но потоа истата Апелација го изема и жалителот како засегната страна со тоа што верувале или не —читајте –вели –ИРЕЛЕВАНТНО Е ЗА ПОСТАПКАТА ЗА СТЕЧАЈ ДЕКА ПРЕДЛАГАЧОТ _ДОВЕРИТЕЛ може да си го наплати побарувањето од друг солидарен должник по пресуда туку е битно ДАЛИ СЕ ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИТЕ ЗА СТЕЧАЈ НА ВИПА ДООЕЛ.

Па глупоста дали има граници —- за да предложиш СТЕЧАЈ прво мора да си доверител а ако си доверител треба да се обидеш да си ги оствариш правата на доверител и да си го НАПЛАТИШ ДОЛГОТ—и ако ВИПА ти дала однапрет можност да си ги оствариш правата на доверител како може и кој може да ти го даде правото да си го правиш ЌЕФОТ СО МЕНЕ И СО НЕА..

 

По редот на нештата не се работи за ЌЕФ туку ИЗМАМНИКОТ-ПРЕДЛАГАЧ сака и има намера да го ослободи од ОБВРСКИ ПО ДОГОВОР фирмата на НЕГОВИОТ БРАТ која е и СОЛИДАРНИОТ ДОЛЖНИК од кој може да си го наплати долгот

 

. Ама сега се поставува прашањето уште колку време ќе зема плата од Р.Македонија судијата известител во Апелациониот Суд во Штип кој за таа плата креира ПРЕСУДИ И РЕШЕНИЈА БЕЗ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ.

 

И овие парадокси на правораздавањето немаше да се случат ако ТВ ТЕЛМА   во духот на професионално новинарство на било кој начин  го објавеше прилогот кој го сними пред Основниот Суд Кочани.

 

И овие парадокси на правораздавањето немаше да се случат ако Снежана Зафирова излезеше од својата канцаларија или дадеше налог да се испита како и заради што ИЗМАМНИКОТ станал ДОВЕРИТЕЛ НА ВИПА ,туку на изненадување мое таа чекала баш тоа решение без засегнати страни да го добие за да “ПОСТАПУВА“или да ОДБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА .

Но ние сме тука и секаде имаме задача да си ја направиме Македонија поубаво место за живеење да се бориме правдата да биде достапна за сите .

 

Секако на крајот да се заблагодариме на ДОКАЗ М што може да се слушне нашиот глас и да се заблагодариме на слободоумните граѓани како Ване Цветанов и здружението Зелена Лупа што запалија светло во тунелот.

 

ПОПОВСКИ АЛЕКСАНДАР

 

 



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.