ЖивотЗанимливости

Ајварот на „Буњаковец“ се продава и за 600 денари

Подготовка на традиционалната домашна зимница е во полн ек, но растот на цените на сето она што се користи за подготовка ги предомислува домаќинките околу изборот што годинава да се најде на листата.

Особено кога станува збор за ајварот. Се исплати ли да се прави домашен ајвар или е поевтино да се купи готов, подготвен во прехранбената индустрија или пак од бројните самостојни производители?

-Денеска бев на пазарчето Буњаковец и цената на ајварот од каде купувам секоја година сега е 600 денари. Навистина не знам како ќе се помине оваа зима, се е прескапо, а јас имам здравствени проблеми сама да го приготвам, вели скопјанка за “Фокус”.

Таа додава дека цените секој ден вртоглаво растат и ако порано токму оваа зимница била главен оброк за појадок, сега веќе навистина станува луксуз.

Слична е цената на домашно произведен ајвар и на другите пазари, а некаде достигнува и до 800 денари по тегла.

-Намалена е бројката на семејства кои оваа година направија порачка да им направам ајвар или лутеница, но растот на цените го направи своето. Само цената на пиперките секој ден варира од 40 до 60 денари, а некои клиенти бараат и пиперки од органско производство па затоа цената е уште повисока, вели за “ Фокус” скопјанка која како дополнителна дејност секоја година 10 години наназад се занимава со домашно производство на ајвар.

Инаку, низ поголемите маркети во земјава цената на тегла ајвар чини од 179 до 450, во зависност од продавницата и производителот. На социјалните мрежи, пак, има огласи за продажба на домашно подготвен ајвар по цени од 250 до 400 денари за тегла.

Колку чини подготовка за 10 тегли ајвар?

Цената на пиперката позната како ајварка периодов, на пазарите во неколку градови, се движи меѓу 40 и 60 денари.

50 килограми пиперки (50 денари за килограм) – 2.500 ден

8 модри патлиџани (20 денари за парче) – 160 денари

1,5 литри масло (139 денари за литар) – 210 денари

10 тегли со капак (25 денари за една) – 250 денари

Дрва потрбни за подготовка  околу 500 денари

Вкупно, за 10 тегли домашен ајвар се потребни најмалку 3.620 денари.

Ако се додаде и трудот и два дена потрошени за подготовка, може да се заклучи дека цената е повисока од 362 денари за тегла, а ајварот станува скапа зимница.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.