Балкан

АЈМО ПАТРИОТИ НА БАЊАЊЕ: Отворени плажите во Грција

Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција.

Со оглед на тоа што во земјата сè уште не се укинати сите рестрикции наметнати од карантинот, како и за секое движење, така и за на плажа, за граѓаните задолжително е испраќање смс порака.

Откако во средата беше соопштено дека организираните плажи ќе се отворат на 8 мај, во изминатите денови интензивно се работеше на подготовките.

Се местеа чадори и лежалки, кои треба да бидат на растојание од четири, односно два метри, дозволени се по две лица, освен ако не станува збор за семејство.

Задолжителна е употребата на антисептик и дезинфекција на лежалките.

За персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Отворањето на плажите, доаѓа една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона во Грција.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.