ЗанимливостиТоп2

Ајдее…За прв пат во Македонија министер ќе отвори ЛГБТИ настан

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски вечерва ќе го отвори престојниот „Скопје прајд викенд“, настан кој е наменет за ЛГБТИ заедницата и човековите права.

Отворањето на настанот oд министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ја покажува отвореноста на новата Влада за дебата за правата на ЛГБТ заедницата, изјави Славчо Димитров, eден од организаторите на настанот за Макфакс.

Тој додаде дека сегашната Влада уште во предизборието се заложила за правата на ЛГБТ заедницата и човековите права, воопшто.

Овогодинешниот прајд викенд е во знакот на „Трансформации“ и претставува серија настани кои ќе креираат простор за ненормативни форми на социјални светови, односно релации, идентитетски позиции, и телесни стилови, кои во рамките на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, изродени, ненормални, неуспешни, патолошки, чудни итн.

„Носечка идеја зад овогодишниот Викенд на гордоста се ТРАНС-ФОРМАЦИИТЕ. Со оваа носечка идеја сакаме да го отвориме прашањата за различните општествени и културни норми со кои се врамува човековата телесност, особено преку оските на родот и на сексуалноста. Уште позначајно, сакаме да ги претставиме и да експериментираме и со можностите за отпор и лизгање од нормативните решетки, токму преку самата телесност“, се вели во најавата за настанот.

Петтиот по ред Скопје прајд викенд 2017 ќе се одржи од 22 до 25 јуни, во организација на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, ЛГБТИ – Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет и ЛГБТ Јунајтед – Тетово.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.