Македонија

Ахмети: Вреди да размислиме за коалиција со СДСМ на локалните многу ни е убаво заедно народ нека пати

Лидерот на ДУИ рече дека не се повлекува од ДУИ и останува до нареден конгрес.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 истакна дека на локалните избори е можна коалиција со СДСМ, затоа што соработката меѓу двете партии е одлична.

– Да видиме кои се интересите на граѓаните, кои се интересите на нашите партии ДУИ и СДСМ. Јас мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните четири години, односно од кога ја формиравме Владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција. Но, без разлика дали ќе има коалиција или не, ние ќе настапиме со наши листи за советници – рече Ахмети.

Во дебатниот магазин „Клик плус“, на прашање за тоа дали планира да се повлече од местото лидер на ДУИ, со оглед на тоа дека по најавата за промоција на нешто ново во јавноста се појавија и шпекулации дека е можно негово повлекување, Ахмети истакнува дека ќе остане до наредниот Конгрес.

– Затоа, сега за сега не планирам да се повлечам. Имам уште 3 години мандат, до следниот конгрес. Имаме многу работа до тогаш – порача Ахмети.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 03:48 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.