Македонија

Aх бе Олгице Доказ да не те пише, Судот за Олгица Ристовска: ВИНОВНА Е!

olgica (2)

Олгица Ристовска, поранешната директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Крива Паланка, на 09.01.2020г од страна на Основниот Суд во Крива Паланка е осудена на условна казна затвор во траење од шест месеци.

Тоа значи дека ако во текот на наредните две години, осудената не направи ново кривично дело, казната нема да се изврши.

Според пресудата, Ристовска во периодот од март 2015 до јули 2017 година, како одговорно лице – Директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Крива Паланка, со умисла извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајки ист траен однос, и со неизвршување на својата службена должност и пречекорување на границите на своите службени овластувања, на свој вработен прибавила корист на тој начин што не постапила согласно на член 22 од Статутот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Крива Паланка и при одлучување за годишни одмори, платени и неплатени отсуства на работниците, не извршувала контрола и не превзела мерки против вработениот, кој не се придржувал на работното време, распоредот и користењето на работното време.

Обвинетата сторила кривино дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 1 вв со член 45 став 1 од КЗ.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:15 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.