Забава

Агнеса го остави Орданоски па се пријави за Мис, побара поддршка за победа ako победи ќе се слика гола за Доказм

Од 13 јануари, јавноста беше постојано во тек со љубовната драма на Роберт Орданоски, поранешниот директор на АЕК и неговата сопруга Агнеса. Орданоски тогаш објави статус во кој јавно раскажа дека се разделува од сопругата.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка.

Има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.

Голема благодарност до персоналот на хотел Молика, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен. Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома. Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша тогаш Орданоски на Фејсбук.

„Мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца.

Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви.

Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет.

Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: „Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш.

Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука“, рече Орданоски за Женски магазин.

Неговата сопруга за „Фокус“ изјави дека тоа не е начин да се решеваат брачните проблеми, туку во четири очи. „Штом го оставам, нешто има. Нешто дома не е во ред. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека сфати јавноста со каков човек сум имала работа.

Цело време трпев само поради децата, но сега пораснаа. Додека сум млада сакам да бидам сама и да се посветам на кариерата. Премногу сум воспитана. Јас сум дете од Скопје. Се фали со семејството, но ако е до тоа, еве моето е уште појако“, изјави Агнеса за ММС.мк.

Орданоски последната објава ја имаше пред една недела: Целава оваа рашомонијада е поради фактот што не можам да се договорам фер и вонсудски да се спогодам. Бракот е готов, тоа е и повеќе од јасно.

Предлогот кој го добив од другата страна е комплетно нефер, ќе ме лиши од се за што сум се борел во животот. Нека седне со мене, со или без посредник, јас сум разумен човек, ќе се договориме.

Благодарам на сите за поддршката, негативните коментари ги игнорирам, среќен празник и се најдобро“, напиша тој на Фејсбук на празникот Водици.

На Агнеса пак ѝ рипна популарноста, таа на Инстаграм има повеќе од 32 илјади следачи. Таа продолжува да прави селфиња и се фотографира со ќерките, и сега учествува во еден нов настан.

Станува збор за Мис Инстаграм, кој го организира Инстаграм страницата „Најдоброто од Македонија“. Агнеса објави стори во кое страницата ја прикажува како третата финалистка за која може да се гласа.

Третата финалистка Агнеса Органџиева. За неа можете да гласате со лајк на ова слика“, пишува на објавата на која веќе има близу 500 лајка.

Во конкуренција се и Кристина Димитријевска, познатиот модел и манекенка, која му е поранешна сопруга на Даниел Кајмакоски, водителката Миа Костова, и пејачката Аделина Тахири која има најмногу лајкови.

Фотографии: Инстаграм профил на Агнеса Органџиева, Фејсбук профил на Роберт Орданоски и Фејсбук профил на Агнеса Органџиева



Македонија

Заболени
101,214
Мртви
3,111
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 26/02/2021 - 10:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.