СветТОП

Агент на ЦИА, откри како ја убил Мерлин Монро!?

Пензионираниот агент на ЦИА , 78 годишниот Норманд Хоџис кој во понеделникот билл примен во една американска болница , признал дека работејќи за Американската разузнавачка служба (ЦИА) убил вкупно 37 лица , меѓу кои и холивудската ѕвезда Мерлин Монро.

Не престануваат лошите критики за новиот филм за Мерлин Монро, гледачите згрозени | Кајгана

Хоџис, кој за ЦИА работел цели 41 година како „чистач“ , односно професионален убиец , тврди дека бил ангажиран да ги убие сино оние за кои агенцијата сметале дека преставуваат опасност по безбедноста на земјата.

Снајперистот и мајсторот за боречки вештини вели дека во кариерата усовршил различни неконвенционални видови на ликвидација.
Екс „чистачот“ на ЦИА тврди дека иако е во години се уште се сеќава на секое убиство кое го извршил и порачува дека сите убиства ги извршил на тлото на САД, и дека наредбите за ликвидација ги добивал од мајорот Џемс Џими Хејворт.

Откриена големата тајна на Мерлин Монро - Канал 5

78- годишниот Хоџис се колне дека сите убиства ги извршил во периодот август 1959 – март 1972 година, според посебна агенда на ЦИА .

Тој вели дека бил член на една мала „ќелија“ составена само од пет лица , кои биле задолжени за политичките ликвидации низ целата земја.
Нивни жртви биле , новинари, политички активисти и синдикални лидери , но Хоџис наведува дека тој убил и неколку научници и уметници , чии идеи преставувале опасност по безбедноста на земјата.

-Мерлин Монро е на мојот список единствена бидејќи е единствената жена која сум ја ликвидирал, изјави платениот убиец на ЦИА , Хоџис кој воедно дополни дека не се кае поради тоа убиство.

„Кога стана сериозна опасност за безбедноста на САД , мораше да биде елиминирана“ изјави Хоџис.
-Имавме докази дека Мерлин Монро покрај со Кенеди , спие и со претседателот на Куба Фидел Кастро, тврди Хоџис.
Тој потоа дополни:
-Мојот командант Џими Хејворт ми рече дека таа мора да умре, и дека тоа треба да изгледа како самоубиство или предозирање со лекови. Никогаш пред тоа немав убиено жена, но ја прифатив наредбата. Тоа го сторив за Америка. Можеше да пренесе доверливи информации , а тоа не смеевме да го дозволиме. Таа мораше да умре , а јас ја исполнив својата должност, изјави Хоџис.
Инаку славната холивудска актерка Мерлин Монро умре на 5 август 1962 година меѓу полноќ и еден часот. Хоџис се колне дека лично влегол во нејзината соба додака таа спиела и и ставил инекција со голема доза на хлорхидрат, силен седатив , помешан со „нембуталом“ ,од кои актерката умрела моментално.
Откако Хоџис ги кажа своите гревови , иако е во тешка здравствена состојба него во болницата го чуваат агенти на ФБИ, кои многу сериозно ја сфатија неговата сторија и сега ги истражуваат овие негови наводи.

Меѓутоа, проблем преставува фактот што останатите актери од неговата строрија се умрени.
Неговиот шеф мајорот Џемс Џими Хејворт умрел од срцев удар во 2011 година, а уште двајца убијци од неговата „ќелија“ се исто така починати , а четвртиот член, капетанот Кеин Мекинс исчезнал во акција во далечната 1968 година и е прогласен за мртов.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.