КолумниМакедонијаТОП

Агелер, на истиот начин со кој јавно го понижи и прозва обвинителот за организиран Абази, на ист начин ќе ги решава јавно Пуцко Петрол и судиите кои му помагаат во предметите

писмо

Еве станува вистина се она што ви го пишувам изминатиот период и што креира паника и хистерија кај нас, а и во другите судови.
Новата американска амбасадорка Агелер, на истиот начин со кој јавно го понижи и прозва обвинителот за организиран Абази, на ист начин ќе ги решава јавно Пуцко Петрол и судиите кои му помагаат во предметите за Трансмет и Општина Карпош. Како што Стејт Департментот ги стави на црна листа Обвинителите и Судиите кои се корумпирани во Босна и Херцеговина, истото се спрема и кај нас. И гледајте како после изјавата на Американската амбасадорка, веднаш и премиерот Ковачевски и министерот Тупанчевски ги сменија изјавите. Сите се уплашени бидејќи доаѓа крај на криминалот и корупцијата во судството и обвинителството, а како пример ќе послужат сите судијки и судии кои се слуги на Пуцко петрол со години наназад. Кога ќе бидеш на црна листа на САД тоа е како да имаш мета на главата и си потенцијален за апсење и судење. Па видете каква фама и паника се крена за украинскиот бизнисмен Онишченко бидејќи е на црна листа на САД. Е сега замисли што ќе биде наши судии корумпирани кога ќе се најдат на истата! Или политичари и бизнисмени кои поткупуваат судии за пресуди!
Се што ви напишав до сега се оствари, ќе видите дека и за ова сум во право. Затоа овде во апелација е општа паника и сите меѓусебно шушкаат кој ќе биде на тапет изваден. Времето на криминал и корупција завршува. Времето на нарачани пресуди од моќни политичари и бизнисмени завршува. Слатки се парите, ама сега доаѓа одговорност за се што е направено.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.