КолумниТОП

АФЕРА „ТРАНСПОРТ“ – Синот на Стевчо Јакимовски превозник на нафта

реобјава пошто лугето забораваат

Објавено на: на Сеп 26, 2017 г

АФЕРА „ТРАНСПОРТ“ – Како синот на Стевчо Јакимовски стана превозник на нафта

Во последните неколку години, на Општина Карпош со која раководи градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се случува градежна инвазија, а во меѓувреме општината ја тресат низа скандали, како преголема задолженост, судски спорови со советници, бркање новинари од седници, задолжително присуство на администрацијата на контрапротестите организирани од владејачката гарнитура…
Неколкупати досега во Карпош граѓаните организираа протести против Јакимовски, барајќи од него да прекине да ги менува деталните урбанистички планови, да ги уништува зелените површини и детските игралишта, за на нивно место да се издигаат бетонски столбови со неколку илјади нови станови. И сето тоа, како што велат, благодарение на профитерскиот урбанизам, кој е еден од главните проблеми во оваа населба. Според бројките, Општина Карпош, во последните шест години е рекордер по издадени одобренија за градба во Скопје, односно издадени се дури 970 одобренија.Од она што се зборува меѓу граѓаните во Карпош, цената што ја плаќа инвеститорот за да добие одобрение за градба се движи од „гратис кат, до гратис стан“ во зависност од големината и габаритот на објектот, а како што велат, доколку тие самите не се бореле против урбаната мафија, сега ќе биле сведоци на бетонизација на секое маалско катче.
Веќе подолг период не стивнуваат жалбите и поплаките на граѓаните од работата на Јакимовски, кој трет мандат управува со Општина Карпош. Првите два мандата беше кандидат од редовите на опозицискиот ЛДП и СДСМ, додека на последните локални избори настапи како независен кандидат.На негова адреса постојано стигнуваат обвинувања за соработка со градежните фирми за изградба на станбените објекти во општината, при што за дел од фирмите граѓаните се сомневаат дека се поврзани лично со него, додека за некои, пак, се вели дека се поврзани со негови блиски роднини и пријатели.СИНОТ НА ЈАКИМОВСКИ ОСТВАРИЛ НАЈМНОГУ ПРОФИТ ЗА ВРЕМЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013!
Во документите од Централниот регистар може да се најде фирма која е семејно блиска до градоначалникот и која фигурира на име на неговиот син Гоце Јакимовски. Тој има 28 години и според документите се води како единствен сопственик, но истовремено и како управител на компанијата „Транс Медитор ДООЕЛ“ од Скопје. Фирмата е основана на 29 октомври, 2010 година, што значи дека на бизнис пазарот опстојува речиси седум години, а се занимава со товарен патен транспорт. Податоците од Централниот регистар, исто така, покажуваат дека фирмата е регистрирана со непаричен влог на повеќе од 30.000 евра што значи дека за основањето на компанијата не се вложени пари, туку се купени камиони за транспорт, односно сите неопходни материјални средства за таа да може нормално да функционира. Според документите, во периодот на 2014 и 2015 година фирмата има вкупно тројца вработени.

Според извештајот од Централниот регистар, пред четири години, во 2013 година компанијата имала профит од 141.589 евра, една година подоцна, во 2014 година работата почнала да опаѓа, па таа сума се намалила на 103.263 евра, додека во 2015 година профитот на компанијата се зголемил на 120.150 евра. Со оглед на тоа како стојат работите може да се заклучи дека компанијата најголема заработка имала за време на локалните избори во 2013 година, односно синот на Јакимовски најмногу го развил бизнисот во време кога неговиот татко го напушти опозицискиот табор и настапи како независен кандидат, но со скриена поддршка од ДПМНЕ, што може да се забележи и по поддршката што подоцна ја доби од владејачкото мнозинство во Советот на општината.

Но, тоа не беше доволно, па само неколку месеци откако седна на градоначалничкото столче, Јакимовски почна да ги брани и поддржува политиките на власта, темпо со кое продолжи и во наредните четири години.
Се работи за фирма за транспорт со камиони, кои наводно превезуваат нафта и нафтени деривати. За да добиеме потврда, истите прашања ги поставивме и на службениот имејл на неговиот син, Гоце Јакимовски, кој ни потврди дека е сопственик на фирмата што е основана во 2010 година.
– Фирмата се бави со транспорт на нафта и нафтени деривати. Не сум основач на други фирми, ниту, пак, имам потреба за такво нешто затоа што мојата фирма е регистрирана за скоро сите дејности – истакна Јакимовски за „Фокус“.

КАРПОШ СО ДОЛГ ОД НАД 10 МИЛИОНИ ЕВРА
Јакимовски речиси 11 години управува со Општина Карпош, од кои два мандата ги истера од редовите на опозициските ЛДП и СДСМ, додека последниот мандат настапи како независен кандидат.
Според официјалните податоци, последната завршна сметка од 2016 година покажува дека долгот на Општина Карпош изнесува над 10 милиони евра, од кои повеќе од три милиони евра отпаѓаат на кредити, додека околу 6 милиони евра општината им должи на набавувачите.
– Јавна тајна е дека Општината е многу задолжена, дека должи на многу доверители, кои молчат сѐ додека не дојде во опасност застарувањето на долгот за да покренат судски спор. Факт е дека општината ја тужат многу доверители, ги губи споровите и исплаќа високи износи на средства од парите на граѓаните што се собираат во општинскиот буџет. – вели Весковски
Со сличен став како него е и Магдалена Несторовска, координатор на советничката група во општината од редовите на СДСМ, која „благодарение“ на Јакимовски пред две години седна на обвинителна клупа откако откри дека градоначалникот за неполни три месеци склучил два договора за набавка на спортски гаќички, маички и тренерки во износ од 120 илјади евра. Тој ја тужеше советничката и бараше од неа отштета од 80 илјади евра, но го изгуби судскиот спор.
Несторовска тврди дека граѓаните на Карпош нема повторно да му дозволат на Јакимовски лошо да глуми градски татко, кој се грижи за нивните потреби.

– Во овој период Општината ја тресеа многу скандали, судски спорови со советници, бркање новинари од седниците на Советот, и уште многу други ситуации како последици на нетранспарентниот и неискрен однос на градоначалникот спрема граѓаните на Општина Карпош. Тој предлагаше, мнозинството од советниците на ДПМНЕ и ГРОМ усвојуваа одлуки на Совет за кои граѓаните постојано укажуваа дека нивната мотивираност на произлегува од профитно-лукративните цели на бизнис-клановите што гравитираа околу градоначалникот и неговите соработници – вели Несторовска.

ДОЛГ АНКЕТЕН ЛИСТ НА ЈАКИМОВСКИ
Во анкетниот лист на градоначалникот Јакимовски е наведено дека поседува куќа од 120 квадратни метри во Скопје, која чини 120 илјади евра, потоа градежно земјиште од 303 квадратни метри, кое чини 8.500 евра. Исто така, може да се забележи дека поседува и хартии од вредност, кои се водат како имот на неговите деца, потоа неколку побарувања по основ на даден заем, како и орочени девизни депозити, штедни книшки…

Криминалиите на ВМРО ДПМНЕ

Продолжува…



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.