Колумни

Адвокатот Жаре: На само неколку месеци пред локалните избори, повторно се повампируваат локалните ороводци

На само неколку месеци пред локалните избори, повторно се повампируваат локалните ороводци, жедни за крвта на последниот гласач кој може да ги одржи во живот во следните 4 години.
И никако да разберат дека на таков начин уште повеќе ја навредуваат интелигенцијата на просечниот граѓанин кој веќе 30 години ја гледа и слуша истата приказна, дека нештата ќе тргнат на подобро.
Локалната власт е обврска и товар кој подразбира 1460 денови поминати во постојана грижа и работа за остварување на ветеното. Се друго е предизборен маркетинг за лов на наивни гласови поддржан од уценети глави и луѓе од интерес.
Затоа, ниту овие локални избори нема да видите соочување помеѓу партиските експонати со луѓе кои аргументирано ќе им ги симнат маските од лаги.


Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.