Колумни

АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК КАЛИН КАМЕН…ЗА ПЕНЗИОНЕРИ,ПОЛИЦАЈЦИ И ЛОКАЛНИ ТАЈКУНИ СО ЏИПОВИ

АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК КАЛИН КАМЕН...ЗА ПЕНЗИОНЕРИ,ПОЛИЦАЈЦИ И ЛОКАЛНИ ТАЈКУНИ СО ЏИПОВИ

Не бе…и да не сакаш да ги напаѓаш овие од СДСМ локалната власт во Крива Паланка просто мораш…
Самите си го бараат тоа…
Посебно Градоначалникот Сашко Митовски.
Замислете само…ке градел адреналински парк на Калин Камен.
Во време на економска светска криза кога горивото е поскапо од златото…
Во најиселениот град во Североисточна Македонија…
За кого ке го гради…за пензионерите…за полицајците…за локалните олигарси кои се бројат на две раце…
Младина скоро да нема…иселена е…
Секоја година во прво оделение поаѓаат стотина деца…
Туристи е мисловна именка за Крива Паланка…
Ако не е во прашање перење пари..тогаш навистина не ми е јасен овој потег.
И тие што се во Крива Паланка работат за минималка…најмалку им е потребно ова „чудо„…
ДОСТА ИМ Е ОД ЦВЕТНО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ…АДРЕНАЛИНСКИ ПАРКОВИ И КОБАЈАГИ АСФАЛТИРАЊА…
Кривопаланчани бараат инвестиции во економијата,земјоделството и производството на Крива Паланка…
Им треба подобар стандард…помали локални давачки…
Имаме најскапа вода,комуналии…локални порези…
Имаме комунално претпријатие кое скоро и да не работи…работниците велат дека со месеци немаат земено плата…затоа така се работи…КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА…
Кривопаланчани велат дека незнаат дали да се смеат или да плачат на оваквите „забегани„ проекти.
АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК КАЛИН КАМЕН
Развојот на туризмот континуирано претставува едно од приоритетните стратешки цели на општина Крива Паланка.
Една од следните инвестиции кои што општина Крива Паланка планира да ја реализира е изградба на Авантура парк ,,Калин Камен,, на Осоговските Планини.
 За реализација на оваа инвестиција, општина Крива Паланка има изработено комплетна техничка документација и проектна апликација која што е аплицирана во рамки на Грантова шема 2022-2024 за инвестициски проекти со дигитална компонента, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку СИПР, каде што наведената инвестиција беше одобрена на регионален форум одржан во Куманово.
Покрај самиот парк, во комплексот ќе бидат вклопени и други атртактивни содржини кои ќе придонесат за привлекување и задржување на интересот на туристите, како што се специфичен ресторан со локални специјалитет, детски игралишта со инклузивни елементи, објекти за изнајмување на велосипеди за моунт-бајк и АТВ за адреналинско оф-роад возење. Дополнително ќе бидат инсталирани и специјални лифт-патеки за најмладите генерации и уредени површини за кампување и извиднички активности.
пиреј мк


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.