Свет

Администрацијата на Трамп дозволи Бајден да започне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да започне со преземањето на власта.

Трамп синоќа на Твитер потврди дека препорачал да започнат првичните протоколи за предавање на власта.

-Препорачувам Емили Марфи и нејзиниот тим да направат што треба во однос на првичните протоколи и му кажав на мојот тим да го направи истото, напиша Трамп.

Марфи е администратор во Службата за општа администрација (ГСА), и синоќа таа испрати писмо до новоизбраниот претседател Бајден дека нејзината канцеларија е подготвена да започне со формално предавање.

-Оваа улога ја разбирам сериозно и поради најновите случувања кои вклучуваат правни предизвици и потврда на резултатите од изборите, денес го испраќам ова писмо за да ви ставам на располагање средства и услуги, напиша Марфи во писмото до Бајден.

Одлуката на претседателот доаѓа по речиси три неделна неизвесност со непризнавање на резултатите, повикувајќи се на нерегуларности како гласање на починaти или отселени лица, двојно гласање или гласање под принуда.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 10:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.