Македонија

Административците наместо на работа принудно одат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

zz4

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски до Државниот инспекторат за труд поднесе иницијатива за поведување постапка за вонреден инспекциски надзор над работењето на институциите од каде добил информации за голем број нерегуларности.

Иницијативата, како што информираат од неговиот Кабинет, доаѓа по, како што велат, ослободувањето од работа на голем број вработени од државните институции и општини со цел да се упатат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

– Го повикуваме Државниот инспекторат за труд соодветно да постапи по иницијативата, со цел еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребите на вработените во јавниот сектор, кој што се користи за партиско политички интереси. Сите прекршувања на законските норми каде што со партиско и политичко дејствување се влијае врз вработените, а со тоа се попречува правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, ќе бидат соодветно санкционирани, велат од Кабинетот на дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација.

 



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 09:41 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.