МакедонијаТОП

A ЗОШТО ПАК ГО БАРАТЕ ЛАЈНАРИ НИЗАЕДНИ…Му се изгуби трагата на Мијалков, полиција претресува возила и го бара насекаде

ALOO OSTAVETE COVEKOT

Полицијата веќе скоро три часа не може да го лоцира ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за да му врачи решение за домашен притвор кое е изготвено од Кривичниот суд, по барање на Обвинителството. Речиси целиот град е окупиран од полицијата, која се обидува да го лоцира Мијалков за да го приведе. Адвокатот Петар Василевски кој го застапува Мијалков за „А1он“ не сакаше да ја коментира одлуката и наместо одговор ја спушти слушалката.

Информации нема ниту од Министерството за внатрешни работи. Тие не одговраат дали е распишана потерница по Мијалков, како што се шпекулира во јавноста. Молк и од обвинителката Ленче Ристовска која го застапува предметот „Таргет-Тврдина“ за прислушкувањето, поради кој е побаран притвор. Ниту портпаролите на Обвинителството не одговараат зошто сега се одлучиле да побараат притвор и дали имаат сознанија за можно бегство.

Единствено познато е дека полицијата не го најде Мијалков во куќата на Водно, ниту во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, кој го пријавуваше како престојувалиште кога порано издржуваше мерка куќен притвор.

Полиција контролира и на скопската обиколница. Речиси сите возила кои поминуваат се застануваат и проверуваат.

Инаку, пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ треба да се донесе во петок.



Македонија

Заболени
106,110
Мртви
3,176
Излечени
94,275
Активни
8,659
Last updated: 06/03/2021 - 08:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.