Македонија

47 починати, 627 новозаразени и 765 оздравени

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469, наведено е во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.

„Регистрирани се 765 оздравени пациенти од: Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1. Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45, 52 , 57, 58, 60, 61, 62, 63, 63, 65, 68, 68, 69, 76, 77, 81, 82, 82, 82, 82, 83 и 89), 3 починати лица од Берово (71, 72, и 78), по 2 од Кавадарци (61, и 82), Битола (53 и 73), Прилеп (58 и 78), Куманово (45 и 66), Тетово (72 и 78), Радовиш (60 и 70), Струга (68 и 92) и Охрид (49 и 72) и по 1 лице е пријавено од Велес (83), Неготино (80), Штип (83), Струмица (79), Кочани (44) и Кичево (70). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови. Од нив 15 лица се починати во тек на март месец во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска“, се вели во соопштението.

 



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.