Македонија

3аев со соломонско решение: СДСМ ќе има свој кандидат за градоначалник во Тетово

СДСМ е трета партија на анкетите во Тетово ова денеска го истакна претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев при посетата на на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ одговарајќи на прашање од новинарите кој од коалиционите партнери ќе поддржи СДСМ во Тетово.

Заев истакна дека на локални избори се гласа за индивидуа, додавајќи дека партијата, но и коалицијата ќе се најде во неубава ситуација доколку поддржи еден или друг коалиционен партнер со оглед на фактот што претседателот на БЕСА, Билал Касами најави кандидатура во Тетово, а ДУИ ќе ги трча изборите со Теута Арифи која доби неколку последователни мандати.

Соломонското решение на СДСМ е да излезе само на изборите во Тетово посочи Заев, имајќи го во предвид високиот рејтинг на партијата во градот.

Со ова дополнително се комплицира ситуацијата на изборите во Тетово каде веројатно ќе има најголем број кандидати за градоначалник, сите со сериозни шанси да го добијат градоначалничкото место.

– Не очекуваме СДСМ да постапи поинаку од она што го сторивме заедно на последните парламентарни избори. Нема политичка логика гласачите на СДСМ од Тетово да гласаат за друг кандидат, кога на последните парламентарни избори гласаа за носителот на листата за пратеници, претседателот на движењето Беса, Билал Касами. Секоја друга еднострана одлука би имала последици во рамките на владејачката коалиција, велат од Беса за „360 степени”.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.