ТОПЦрна Хроника

30.000 петарди и еден тон нафта се швepцувале во автобусот на „Беса Транс“ кој однесе 45 животи?

Бугарски експерт, професор, вештак, Симеон Ананиев утринава за БТВ изрази сомнеж дека во автобусот се пренесувал пиротехнички материја. Според него една од хипотезите која произлегува од статистиката покажува дека во новогодишните празници има многу пожари поради пиротехнички средства. Станува збор за туристи кои биле на пазарот, се стравува дека автобусот бил полн со пиротехнички средства кои се запалиле. Кој е изворот на пожарот ќе каже вештачењето“, појасни Ананиев.

Дали превозот на туристи бил пapaван за швepц на cтoкa – Компанијата работела со зaгyбa, одбрале подолгата, пocкапа и пooпacна pyта преку Бугарија кога за час помалку се пристигнува во Истанбул преку Грција

Македонија вчера се разбуди со една од најголемите трагедии во модерната македонска историја, несреќа која однесе 46 животи на македонски граѓани во соседна Бугарија на автопатот Струма.

Слушнавме силен татнеж

Илија Николов работи на локација на 500 метри од местото на несреќата. Заедно со колегите работеле на свлечиште во близина на патот. На трагичната ноќ тој спиел во караван на лице место.

„Слушнав татнеж, но не можев да разберам што е тоа. Со колегата се спуштивме долу до патот и гледаме дека нешто гори до заштитната ограда. Тогаш малку гореше гледавме како постепено се засилува оганот одзади “, вели Илија.

„Пријдовме и сакавме да помогнеме, но немаше начин. Веќе многу гореше пожарот, не можевме да се доближиме до автобусот“, продолжи Илија.

Бугарските медиуми пренесуваат дека пожарникарските служби пристигнале за нецели 10 минути на лице место, но целиот автобус изгорел во рок од 2 до 3 минути што е впрочем и причината за големиот број жртви.

Во автобусот имало скриени прегради?

Репортерката на БТВ Новините, Мариета Николаева, ја следеше реакцијата на институциите во првите часови по тешката несреќа со автобус на автопатот Струма и известувала од лице место на трагедијата нецели 20 минути по несреќата.

„Првичните информации што ги добивме 20 минути по инцидентот беа за околу 46 мртви. Не верував, ми се чинеше апсурдно и барав да повторат неколку пати. Ова беше првата информација, се знаеше дека автобусот изгорел. Отидовме таму и ги разјаснивме деталите за несреќата“, изјави новинарката.

„Според информациите од мои извори, во автобусот всушност биле пронајдени туби. Што имало во нив и дали придонеле или биле причина за овој пожар останува да видиме. Сè уште претстоји многу тешка истрага , која бара многу време“, објасни новинарката.

„Според пожарникарите, всушност, со овој силен удар и со овој удар во заштитната ограда, можно е да дојде до искра и да избие пожар. Но, овде имаме интензивно горење, овој пожар избувнува наеднаш. Многу е важно да дознаете што го предизвикало ова интензивно горење“, изјави Мариета Николаева.

Бугарски експерти се сомневаат дека во автобусот се превезувала пиротехника

Утринава професорот Симеон Ананиев, претседател на Здружението на вешти лица за БТВ истакна дека и самиот бил збунет на ова место и бил на работ да влезе во свртување на одморалиштето кое не е сигнализирано.

„Кога станува збор за несреќа, без разлика во која област е судскиот спор, главната улога за да се разјаснат причините за несреќата имаат вештаците“, додаде тој.

Искуството покажува дека во последно време се формираат тимови на таканаречена сложена експертиза, во кои учествуваат различни експерти“, рече Ананиев, објаснувајќи дека има шест главни вештачење кои мора да се направат.

Според него една од хипотезите која произлегува од статистиката покажува дека во новогодишните празници има многу пожари поради пиротехнички средства. Станува збор за туристи кои биле на пазарот, се стравува дека автобусот бил полн со пиротехнички средства кои се запалиле. Кој е изворот на пожарот ќе каже вештачењето“, појасни Ананиев.

Неофицијално во автобусот се шверцувало гориво и пиротехника

Според информации од истрагата Инфомакс неофицијално дознава дека во предниот дел на автобусот имало нелегален резервоар со капацитет од 1000 литра за нафта кој секако допринел за оваа собраќајна несреќа да се претвори во трагедија имајќи во предвид дека дизајнот на секое возил кога станува збор за локацијата на резервоарот предвидува строги безбедносни правила.

Но она што е најшокантно, а неофицијално го дознава Инфомакс е дека во автобусот се превезувала поголема количина на пиротехнички материјали кои требало да завршат на македонскиот пазар пред новогодишните празници.

Покрај дополнителниот резервоар автобусот имал и посебен магацин за шверц на стока, а во конкретниот случај се превезувал пиротехнички материјал или околу 30-тина илјади петарди.

Индикативно за овие неофицијални информации е сведоштвото на Илија Николов кој со негови зборови објаснуца дека, мирисало на изгорено, но тој не почувствувал мирис на гориво.

Дали туристичката агенција била пapaван за швepц на стока?

Ако тргнете на пат за Истанбул од Македонија со возило имате две опции, да одите преку Грција каде рутата е пократка, а патот по безбеден или да одите преку Бугарија каде ќе изгубите еден час повеќе, но и патот е далеку по небезбеден.

Токму поради оваа причина најголемиот број туристички компании и превозници ја одбираат рутата преку Грција за да заштедат и пари и време.

Во разговор со експерти и познавачи на бизнисот со патнички транспрот Инфомакс дознава дека трошокот за рутата преку Бугарија е повеќе од 10 000 денари во однос на рутата преку Грција. Саатнини за шоферите и нафта за автобусот се дополнителни трошоци за превозникот.

Koмпанијата работела со загуба

Цена за аранжманот за Истанбул на Беса Турс е 79€ од човек. Имајќи ги во предвид пазарните цени на хотел со три ѕвездички во Истанбул со појадок, ваквиот аранжман чини минимум 25€ од ноќевање или 50€ за 2 ноќи.

Што значи дека за компанијата остануваат 29 евра. Доколку оваа сума ја помножиме со просек од 50 патници ќе дојдеме до сума од 1450 евра по автобус кои се уште не се чист профит за компанијата бидејќи треба да ги земеме во предвид дневници за шоферите плус дневница за водичот за кои исто така треба да биде платено сместување во хотелот и да не заборавиме на патарините.

Нафтата за патот до Истанбул чини околу 1000 евра ако се оди преку Грција, преку Бугарија тоа чини повеќе од 1100 евра. Со останатите 350 евра по автобус теоретски не можат да се покријат дневници и хотел за шоферите и водичот.

Ова упатува дека компанијата работела со загуба.

Најшверцувана роба во Бугарија е горивото

Според истражувањето на бугарската невладина организација финансирана од прозападни центри на моќ, Центарот за демократски истражувања со седиште во Софија најшверцувана во роба во Бугарија е токму горивото.

Нафтените производи се најмногу шверцувани производи во оваа земја. Според официјалните податоци на бугарската Царина, 350 тони течно гориво секојдневно влегува во земјата. Експертите кои ја анализираат моменталната состојба сметаат дека 30 до 35 отсто од горивото во Бугарија сè уште потекнува од сива или црна економија, се вели во истражувањето.

Каде потфрлиле македонските институции?

Покрај несреќата, можеби најшокантната вест во текот на вчерашниот ден беше дека компанијата „Беса Транс“, чиј автобус изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, имала четири кривични пријави за непочитување на протоколите за ковид-19.

Oва го потврдија од Државниот инспекторат за транспорт од каде посочија дека четирите контроли кои биле спроведени на гранични премини резултирале со кривични пријави.

Некои од тие кривични биле поради 50 отсто, а некои поради 70 отсто повеќе патници од дозволеното со анти-ковид-19 протоколите.

Се поставува прашањето зошто компанијата која била склона кон нелегално работење, непочитување на законите и правилата и не се грижела за здравјето на своите патници и клиенти навреме не добила забрана за работа пред да се случи оваа голема трагедија која ја потресе Македонија, но и регионот пошироко.

Иако компанијата била лиценцирана, автобусот на превозникот „Беса транс“, кој изгоре ноќеска во Бугарија и притоа загинаа 45 луѓе, немал добиено извод од лиценца за превоз во домашен и меѓународен сообраќај од Министерството за транспорт и врски.

Министерот Благој Бочварски вечерва на прес-конференција потенцираше дека меѓу четирите автобуси заведени во евиденцијата на неговото министерство го нема автобусот кој изгоре ноќеска на автопатот „Струма“ близу Перник.

За секое возило поединечно, превозникот треба да има извод од лиценцата, а за секој возач сертификат, појасни Бочварски.

Дополнително загрижува и фактот што во електронската база на министерството, превозникот има пријавено само четири возачи, а од бугарските медиуми дознаваме дека во моментот на несреќата во Бугарија се наоѓале четири автобуси на компанијата.

Имајќи ја во предвид должината на патот и европската регулатива која налага на 3 часа активно возење да се менуваат шоферите на патнички автобуси, а од бугарските медиуми дознаваме дека во автобусот имало двајца возачи преку дедукција доаѓаме до заклучок дека најмалку 4 возачи на компанија биле нелиценцирани од државата и нелегално ја кроеле субдината на преку 200-тини патници.

Сите овие пропусти на државниот апарат и нефункционалноста на целиот систем од обвинителство и судска власт до министерството за транспорт и врски и извршната власт, Македонија вчера ја чинеа 46 животи од кои 12 се деца…

Според првичните наоди на бугарската полиција за несреќата на автопатот Струма во Бугарија, автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ изгорел целосно за неполни две до три минути, а токму тоа е причината за големиот број починати патници.

Според првичните наоди на полицијата пожарот започнал во предниот дел на автобусот.

Според информации од истрагата Инфомакс неофицијално дознава дека во предниот дел на автобусот имало нелегален резервоар со капацитет од 1000 литра за нафта кој секако допринел за оваа собраќајна несреќа да се претвори во трагедија имајќи во предвид дека дизајнот на секое возил кога станува збор за локацијата на резервоарот предвидува строги безбедносни правила.

Но она што е најшокантно, а неофицијално го дознава Инфомакс е дека во автобусот се превезувала поголема количина на пиротехнички материјали кои требало да завршат на македонскиот пазар пред новогодишните празници.

Покрај дополнителниот резервоар автобусот имал и посебен магацин за шверц на стока, а во конкретниот случај се превезувал пиротехнички материјал или околу 30-тина илјади петарди.

Овие информации го објаснуваат и сведоштвото на бугарската новинарка Патриција Кирова која потенцира дека сите жртви во страшната несреќа биле на средната врата од автобусот и се обидувале да побегнат, а ниту еден патник не бил на своето седиште.

Доколку по пожарот во предниот дел кој настанал поради дополнителниот резервоар за нафта експлодирал пиротехничкиот материјал, јасно е веќе зошто ниту еден од патниците не успеал да се спаси и да побегне низ вратите на автобусот.

Неофицијално на шоферот кој управувал со патничкото возило, непосредно пред несреќата му се слошило па на граничниот премин помеѓу Турција и Бугарија побарал смена од својот колега сега починатиот Љупчо Зафиров.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:45 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.