Македонија

Се проширува листата: Дипломатски пасоши поседуваат Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Груевски, Хари Костов, Мијалков, Срѓан Керим

Во моментов има валидни над 1300 дипломатски пасоши, а меѓу нив се актуелни и поранешни функционери, судии, обвинители, директори на јавни институции, академици, раководни лица од верските заедници, пратеници, уметници, спортисти, градоначалници, лекари, еден новинар, но и лица на кои одамна им поминал мандатот и функцијата, но сепак и натаму се на списокот на МНР, објави НоваТВ.

Според информациите на медиумот, дипломатски пасоши поседуваат поранешниот и актуелниот претседател Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов, како и неговата сопруга Маја и синот Иван. Членови од Кабинетот на Иванов и негови соработници.

Исто така дипломатски пасош поседуваат и поранешните премиери Никола Груевски, Емил Димитриев, Владо Бучковски, Хари Костов, Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана, поранешните спикери во Парламентот, Трајко Вељаноски и сопругата Сузана, Љубиша Георгиевски, екс генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, поранешни и актуелни пратеници.

Екс претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска и судијката Александра Поп – Стефанија. Поранешниот ректор Велимир Стојковски, разрешениот директор на Државниот архив, Филип Петровски. Ракометарот Кире Лазаров, одбојкарскиот тренер Јошко Миленкоски, пијанистот Симон Трпчески, пејачката Калиопи Букле, директорот на Танец, Зоран Џорлев и многу други личности кои од МНР добиле дипломатски пасош.

Фото: НоваТВ



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.