Македонија

Опозициска журка. Тодоров потпиша договор за изградба на Клинички, Груевски во прв ред

Министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, денеска потпиша договор за изградба на новиот Клинички центар во вредност од 72 милиони евра. Овој договор кој се потпиша во свечената сала на владата, се случува во исто време кога во тек се преговорите за состав на новата влада предводена од СДСМ.

Видео плејер

00:00
00:06

Клиничкиот центар ќе го градат „Гранит“ и „Бетон“ и италијанската компанија Инсо Системи.

Во првиот ред на потпишувањето на договорот беше премиерот во заминување, Емил Димитриев, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

По завршување на церемонијата, Тодоров избегна да одговори на новинарските прашања, кои го прашаа во кое својство го потпишал договорот.

Видео плејер

00:00
00:12

 




Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.