Занимливости

Над 1,5 милиони евра се потрошиле за медиумска кампања

collage-mitinzi-860x680-696x550

Политичките партии за време на изборната кампања потрошиле над еден и пол милион евра за рекламирање во медиумите, пишува НоваТВ.

Партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, најмногу се рекламирала за време на изборната кампања, но досега не платила речиси ни денар. Според досегашните финансиски извештаи на медиумите доставени до Антикорупциската комисија, владејачката ВМРО-ДПМНЕ направила цех од 741.000 евра. Зад неа е СДСМ чии кандидати за пратеници се рекламирале за сума од 490.000 евра, од кои уште 206.000 не се платени.

Трета партија по потрошени пари на медиумско рекламирање е партијата ДУИ на Али Ахмети 140.000 евра.

Потоа следува партијата Беса со 82.000 евра за реклами, па коалицијата ВМРО за Македонија со 43.000 евра. ДПА на Мендух Тачи, поминала со 12.000 евра.

Либералната партија се рекламирала само на Сител за износ од 10.000 евра. Коалицијата за промени и правда во неколку медиуми потрошила 8000 евра. Коалицијата Алијанса на Албанците платила 3486 евра, а ПДП 2600 евра. Најмалку пари потрошила партијата Левица, 187 евра за реклами во радиото Експрес од Струмица.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.