ЖивотТОП

Монструозно однесување на гинеколог: Девет месеци лажел пациентка дека е бремена

Гинеколог од Скопје цели девет месеци ја манипулирал и лажел неговата пациентка дека е бремена иако во нејзиниот стомак не постоело никакво бебе. За време  на лажната бременост, докторот правел гинеколошки прегледи, мерел грло на матка, вербално ја убедувал дека е бремена, ја терал да прима непотребни лекарства и терапии и правел гинеколошки скрининзи за детално да се прегледа плодот.

download

На секој преглед и давал ехо снимки на кои се гледа плод, кои претходно ги имал спремено да и ги даде,  и давал хормонална терапија за вештачки да се покажат параметри кои ќе ја убедат дека е бремена, и кажал дека носи машко дете и вршел детални прегледи каде во детали го опишувал плодот.

Пациентката која  сака да остане анонимна од лични причини, а чие име е познато на редакцијата во НОВА ја донесе целокупната медицинска документација, ехо снимките од туѓи бебиња за кои лекарот и кажувал дека се од нејзиното бебе, како и тужбата  против гинекологот. Против него се води истражна постапка за кривичните  дела: Тешки дела против здравјето на луѓето, Измама и Фалсификување на исправа. Оваа жена која четири пати безуспешно се обидувала да остане бремена со нејзиниот сопруг му ја дале довербата на лекарот кој тогаш работел во една, а потоа во друга приватна болница. Од септември минатата година е примен на работа на Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Имав неколку неуспешни бремености и кога добивме бесплатен ваучер од ФЗО за ин витро се случи монструозниот чин. Докторот Николче Дамчевски уште на почетокот ме убедуваше дека сум бремена иако крвавев, ми даваше хормоналана терапија и инјекции против коагулација на крвта,  ме убедуваше дека во мојот стомак се развива живот. Бевме пресреќни со мојот сопруг иако бев бомбардирана со терапија. Купуваме облека, играчки, креветче, детска соба. На секое одење на преглед лекарот ги мереше димензиите на бебето, ми пушташе срцев ритам, ни даваше да ги гледаме сликите од ехо. Дури ни го кажа и полот, дека бебето е машко“, ја започна приказната оваа четириесет годишна жена.

Како се наближувал датумот на породување, гинекологот се повеќе го одложувал породувањето со образложение дека има се уште време до крајниот рок. Во еден момент предложил породувањето да биде направено во болницата во Прилеп, што нашата соговорничка децидно го одбила. Кога веќе не можело да се одлага, гинекологот го викнал нејзиниот сопруг и му соопштил дека неговата сопруга „дури тие мислеле дека била бремена, всушност не била бремена“.

Тогаш му кажал дека има три опции: Тој да ја породи со царски рез и да и каже дека бебето е мртво родено, да ја успие со анестезија во амбулантата, да и направи киретажа и повторно да и каже дека бебето било мртво или пак, сопругот да и соопшти дека не била бремена, воопшто.

Сторијата во целост прочитајте ја тука



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.