Занимливости

Фирма во која работи сестрата на Драги Рашковски ја добила концесијата за рудникот Иловица!

Димитар Апасиев советник на министерот за финансии и член на президиумот на „Левица“ обвини за нов случај на непотизам во владата на СДСМ. Тој на својот фејсбук профил изјави дека новата влада предводена од СДСМ го крие договорот за рудникот за злато во Иловица. Апасиев јавно побара стоп за рудниците на смрта и побара од владата да го стави здравјето на граѓаните пред бизнис интересите на поединци во владата и обвини за непотизам на дело

Имено во компанијата ЕУРОМАКС РЕСОУРСЕС ЛД која ја добила коцесијата за експлатација на наоѓалиштети на бакар и злато во рудникот Иловица била вработена сестрата на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски. Тој меѓудругото го сподели и линкот од статијата на веб порталот НОВА ТВ во чиј текст се обвинува Владата дека го крие договорот со компанијата ЕУРОМАКС. Во текстот се споменуваат имињата на Кочо Анѓушев и Крешник Бектешикои како министри во владата задолжени за економски прашања даваат подршка за овие проекти.

Ова не е прв пат Апасиев да ја напаѓа владата за непотизам. Апасиев јавно изјави дека поставувањето на Кочо Анѓушев на позицијата вицепремиер за економски прашања претставува конфликт на интереси. Имено само еден ден по назначувањето на Анѓушев за вицепремиер за економски прашања неговата фирма добила одлука од Регулаторна комисија за енергетика за производство на електрична енергија во мала хидроцентрала каде косопственик е Анѓушев.

\prevzemeno



Македонија

Заболени
247,663
Мртви
8,139
Излечени
222,306
Активни
17,218
Last updated: 19/01/2022 - 14:30 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.